Москва, Белград и Атина и официјално поднесоа кандидатура за организацијата на „Фајнл-фор“ во кошаркарската Евролига за 2018 година.
Првиот човек на Евролигата, Бертомеу соопшти дека наскоро ќе биде одлучено каде ќе се игра завршниот турнир по 2 години.
,,Имаме многу добри разговори со Белград, Москва, Атина и некои други градови.
,,Тоа е потребно за да се усогласат термините и да се разгледаат условите што ги нудат градовите кандидати за домаќини.
,,За среќа, Ф4 е настан кој го посакуваат многу градови и се надевам дека наскоро ќе објавиме каде ќе со одржи турнирот, истакна Бертомеу.
Финалниот турнир на Евролигата во 2017 година ќе се одржи во Истанбул.