Пирели ги започна тестирањата на гумите за 2017 сезона во Формула 1

Loading

Пол Хембери шефот на компанијата за пневматици Пирели, го откри тест планот на компанијата со цел подобра подготовка за 2017 година преку 3 месечни тестирања.

пирели1

 

Италијанците се согласија да продолжат да соработуваат со Формула 1, но под услов да се зголемат двојно деновите за тестирање од 12 на 25.

,,Ја анализираме технологијата на В8 болидите, филозофијата на болидот, структурата и компонентите и тоа засега ни оди доста добро. Но, тука се и тестовите во фабриката, внатрешните тестови како што ние ги викаме и во моментов работиме со полна пареа на тоа.

,,Септември, Октомври, Ноември, тогаш планираме тестови на патека и штом се договориме со екипите ќе го објавиме деталниот план“, објави Хембери.

Тие имаат и резервен план доколку се јави потреба од подолго тестирање како подготовка за она што следи.

Резервниот план бара од тимовите В6 хибриди на потоплите локации на Средниот Исток, но тој план ќе чини доста.

пирели

„Времето секако дека влијае многу, но и во Европа може да се теситра, на пример Пол Рикар е во ред во Октомври, но ако треба да возиме во Декември или Јануари ќе имаме проблем.

,,Тогаш мора да се упатиме накај Бахреин или Абу Даби. Најголем предизвик веројатно ќе бидат гумите за мокро време поради тоа што немаме време многу да ги тестираме и симулираме со нив“, изјавуваат од Пирели.