Серена Вилијамс ќе се бори за 22. гренслем-титула, четврта на Ролан Гарос, а Гарбине Мугуруза ќе настапи на второто свое финале од големите четири турнири, откако и двете денеска и добија полуфиналните битки во два сета.
Мугуруза, со 2-0 во сетови ја совлада Саманта Стосур полесно од очекувањата, за 78 минути.
Првиот сет Шпанката го доби со 6-2, а нешто посилен отпор доби во вториот, кога и самата загуби два свои сервиса, сепак без да биде загрозена до конечните 6-4.
Серена Вилијамс, имаше потешка задача против Холанѓанката Кики Бертенс со 7-6, 6-4, која досега на турниров веќе совлада две тенисерки од топ-10, како да не е само 58-ма на светот.
Ова ќе биде 90-то финале во кариерата на Серена, а победа ќе значи израмниување на рекордот на Штефи Граф со 22 титули од грен-слемите.
Мугуруза, е првата Шпанка која ќе игра финале на Ролан Гарос по Кончита Мартинес во 2000 година.
Финалето на програмата кај дамите е утре од 15 часот, а овие две тенисерки се сретнаа и во финалето на гренслемот Вимблдон минатата година каде поуспешна беше американката.
https://www.youtube.com/watch?v=clJ-w0o-AZ4