ЦСКА Москва во драмата го победи Фенербахче и по 8 години ја освои Евролигата!

Loading

Кошаркарите на ЦСКА Москва по 8 години пауза конечно стигнаа и ја освоија титулата во кошаркарската Евролига.

milos-teodosic-cska-moscow-final-four-berlin-2016-eb15

Рускиот тим во драматичното финале во Берлин, по едно продолжение, го совладаа Фенербахче со 101:96.

Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 83:83, а Фенер се врати по негативата од 20 поени на полувремето. ЦСКА ја освои седмата европска титула во клупската историја.

Русите доминираа во две третини од натпреварот, три пати во третата четвртина имаа и предност од 21 поен, но во финишот капитенот Хријапа со офанзивен скок поентираше, го спаси тимот од пораз и го однесе мечот во дополнителни пет минути.

cska-moscow-champ-final-four-berlin-2016-eb15 cska-moscow-champ-euroleague-final-four-berlin-2016-eb15

Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, беше еден од креаторите на пресвртот, кој го направи Фенербахче, за 17 минути игра постигна 16 поени и беше прв стрелец на тимот.

Антиќ, не успеа во своето трето финале да ја освои и третата титула европски првак.

ЦСКА во продолженијата го имаа Де Коло кој непогрешливо ги реалзираше слободните фрлања.

Де Коло е прогласен за МВП на завршниот турнир, а мечот го заврши со 22 поени и 7 асистенции, Теодосиќ имаше учинок од 19 поени, 5 скока и 7 асистенции.

nando-de-colo-mvp-cska-moscow-champ-euroleague-final-four-1

Уште четворица кошаркари на ЦСКА постигнаа двоцифрен број на поени: Хајнс 15, Хигинс 12, Воронцевич 11 и Хријапа 10.

Диксон беше најефикасен кај Фенербахче со 17 поени, а покрај Антиќ по 16 коша постигна Датоме и Удох кој имаше и 11 скокови.

Кај турскиот тим потфрлија Богдановиќ кој постигна само 6 поени и Весели кој погоди само едно од десетте слободни фрлања.

Третото место на турнирот го освои Локомотив Кубан кои во малото финале го победи Лаборал Куча со 85-75.