Италијанскиот стратег Клаудио Раниери ја доби наградата „Енцо Беарцот“ за најдобар италијански тренер оваа сезона.
Раниери го предводеше Лестер до титулата во Премиерлигата, што преставува една од најголемите сензации во историјата на фудбалот.
,,Сеуште не верувам дека го постигнавме ова. Сезоната ја започнавме со цел да го избегнеме испаѓањето од Премиерлигата, но видовте како заврши“, изјавил Раниери на свечената церемонија во Рим.
Наградата „Енцо Беарцот“ се доделува од 2011 година, во чест на тренерот кој со Италија стана светски првак во 1982 година.
„Никогаш не го запознав Беарцот, но многу луѓе ми велат дека во мене го гледаат неговиот дух, а тоа ме прави горд“, заврши Раниери.
Легендарниот Енцо Беарцот почина во 2010 година.