Вест Хем со победа против Манчестер Јунајтед од 3-2 на спектакуларен начин се прости од стадионот „Болин Граунд“, на кој им беше дом цели 112 години и на кој одиграа 2.398 натпревари.
Вест Хем, со пресврт, го победи Манчестер Јунајтед, а од следната сезона ќе игра на Олимпискиот стадион во Лондон.
Натпреварот на „Болун Граунд“ доцнеше 45 минути, бидејќи навивачите на Вест Хем, пред стадионот, го нападнаа автобусот во кој беа фудбалерите на Манчестер Јунајтед.
Агресивната игра му донесе водство на Вест Хем веќе во 10 минута, кога Сако го совлада Де Геа.
До крајот на полувремето две шанси пропуштија да реализираат Керол и Паје. По 6 минути игра, единствената вистинска акција на Јунајтед во гол ја претвори Марсијал за 1:1.
Истиот играч во 72.минута ги шокира навивачите, кога соло акцијата ја претвори во водство 1:2.
Вест Хем се врати во мечот по само четрири минути, кога асистенцијата на Паје, во гол ја претвори Антонио.
Брилијантниот Паје му асистираше и на Рид во 80.минута, кога беше поставен конечниот резултат 3:2.
Манчестер Јунајтед со овој пораз пропушти голема шанса да го обезбеди четвртото место на табелата.
Остана на 63 бода, два помалку од Манчестер Сити кој е на четвртото место. Вест Хем е на шестата позиција со бод помалку од Манчестер Јунајтед.
Во последното коло Вест Хем ќе гостува кај Стоук, а Јунајтед ќе го пречека Бурмаут.
Видео од мечот…