По поразите од Словенија и Бугарија, Македонија падна за дополнителни три места на ФИФА ранг листата и сега сме на мизерното 141. место.
Македонската фудбалска репрезентација никако да престане да тоне на ФИФА ранг листата, ги рушиме сите сопствени рекорди, па полека но сигурно одиме кон 150. позиција.
Пред нас на табелата се земји како Белизе, Северна Кореја, Кенија, Сиера Леоне, Буринди, Свазиленд, Танзанија… рангот на Македонија достигнува срамни размери.
ФИФА листата има нов лидер, откако едно место нагоре се искачи Аргентина на првата позиција, а Белгија по поразот од Португалија падна на второто место.
Во топ 10 следуваат уште и Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Португалија, Уругвај и Англија.