Најмалку еден месец ќе паузира капитенот на македонската фудбалска репрезентација и фудбалер на Џенова, Горан Пандев по повредата која ја заработи на бутниот мускул во 20-тата минута.
Тој се повреди на натпреварот кој во неделата Џенова го одигра против Фросиноне во рамки на Италијанското фудбалско првенство, каде Џенова славеше убедливо со 4-0.
Повредата доаѓа во лош период, откако почна да бележи одлични резултати за клубот по укажаната шанса, но и откако по 2,5 години се врати во репрезентативниот дрес.
До крајот на сезоната во италијанскиот шампионат остануваат уште седум кола.