(Видео+Фото) Петер Превц со 13-тата победа стигна до титулата во Светскиот куп!

Loading

Словенецот Петер Превц го освои Светскиот куп, во ски скоковите, откако на шест натпревари до крајот на сезоната, стекна недостижна предност во однос на конкурентите и стигна до големиот кристален глобус.

prevc1

Превц, титулата ја обезбеди со победата во Алмати, Казахстан со 13-та победа во сезоната, со што го израмни рекордот на Грегор Шлиренцауер.

Исто така, Превц стана вториот Словенец кој ја освоил титулата во Светскиот куп, по Примож Петерка, во сезоните 96/97 и 97/98, а во Алмати до победата стигна со скоковите од 139 и 139,5 метри.

Втор беше Зеверин Фројнд, кој постави нов рекорд на скокалницата со скокот од 141,5 метри, додека на третото место се пласира Норвежанецот Даниел Андре Танде.

prevc2

На шест натпревари до крајот на сезоната Превц има недостижни 618 бодови повеќе од германецот Фројнд.