Ракометарите на Вардар со победа се враќаат од тешкото гостување во Унгарија кај Пик Сегед во Лигата на шампионите, откако славеше нагости со 31:29, во претпоследното коло.
Вардар до победата го предводеше голманот Страхиња Милиќ, кој имаше брилијантен настап во второто полувреме.
Српскиот голман, најпрвин беше креатор на серијата на Вардар од 7:2, со која „црвено-црните“ се одлепија најпрвин на 20:16, а подоцна и на 25:19.
До крајот на мечот Сегед имаше неколку обиди да фати резултатски приклучок, но не успеа во тоа бидејќи Милиќ блескаше на голот на Вардар.
Милиќ заврши со 13 интервенции, додека стрелците ги предводеше Македа со 8 голови, 5 постигна Душебаев, а 4 Горбок.
8 голови кај Сегед реализираше Бомбач. Вардар со победата над Сегед направи голем исчекор кон освојување на третото место во групата.
За да се реалзира таквото сценарио, Вардар ќе мора во последното коло, на 5.март, да слави над Монпелје, а во исто време Рајн Некар да загуби во Барселона, односно Сегед да доживее пораз кај Кјелце.