Голем инцидент се случи на дерби мечот од хрватскиот кошаркарски куп помеѓу Задар и Цибона каде се случи масовна тепачка меѓу навивачите.
Мал број на навивачи на Цибона допатуваа во Задар да го бодрат својот тим за полуфиналето на Купот на Крешимир Ќосиќ, а домашните ја искористија заспаноста на редарите и ги нападнаа.
Цибоси останаа без транспарент, а тепачката ја прекинаа полицијата и обезбедувањето.
Задар на крајот славеше со 82:75 и во финалето за трофејот ќе игра против Цедевита.
Инсерти од немилиот настан каде настрадаа младите навивачи на Цибона…