ВТА: Венус Вилијамс го освои Тајван, Винчи најдобра во Сенкт Петерсбург!

Loading

Венус Вилијамс и Роберта Винчи стигнаа до победи на ВТА турнирите кои се играа изминатиот викенд во Тајван и Сенкт Петерсбург.

venus1

Венус стигна до 49 титула во кариерата откако се запиша во историјата како прва победничка на Тајванскиот опен.

Венус во финалето ја победи Јапонката Мисаки Дои со 2-0 во сетови 6-4, 6-2. 35-годишната Американка сега е седма на вечната листа и пред неа блиску се само Моника Селеш со 53 и Линдзи Девенпорт со 55 титули.

Италијанката Роберта Винчи го освои турнирот во рускиот Санкт Петерсбург откако во финалето ја совлада швајцарската тинејџерка Белинда Бенчич со 2-0 во сетови 6-4, 6-3.

vinci

Сепак и покрај поразот, Бенчич првпат ќе влезе меѓу десетте најдобри на ВТА листата.

Мартина Хингис и Санија Мирза го освоија турнирот во женски двојки со победата над Вера Душевина и Барбaра Крејчикова со 2-0 во сетови 6-3, 6-1.