Во кошаркарската АБА лига се комплетираше 24 коло со натпреварот Будуќност-Игокеа.
До победата стигна фаворитот од Црна Гора кој славеше против Игокеа со 89:74 во Подгорица.
Будучност ги доби сите четвртини, а повторно најзаслужен за победата беше Тадија Драгичевиќ со 20 поени.
За Будуќност ова беше 22.победа со што го потврди првото место на табелата, додека Игокеа со 15-от пораз се најде во групата од четири екипи меѓу кои е и МЗТ Скопје Аеродром, кои заедно со двете последни екипи Сутјеска и Тајфун, ќе се борат за опстанок.
Пласман во разигрувањето за титулата обезбедија Будуќност, Црвена звезда, Цедевита и Мега Лекс.
Во АБА лигата сега следува пауза од десетина дена, а претпоследното коло ќе биде отворено на 26 февруари со дуелот во Скопје меѓу МЗТ Скопје и Тајфун.
Инсерти од натпреварот Будуќност-Игокеа…