Колку милиони за трансфери ќе добие Мурињо во Јунајтед?

Loading

Мурињо од следната сезона ќе ги предводи „црвените ѓаволи“, а клубот ќе му даде огромен буџет за засилувања.

murinjo man utd

Португалецот ќе има на располагање 380 милиони евра со кои ќе е обиде да донесе неколку големи ѕвезди на „Олд Трафорд“, а тој има 5 големи желби: Нејмар, Кавани, Погба, Томас Милер и Рафаел Варан.

Жозе се надева дека со овој буџет ќе може да ги донесе сите на „Олд Трафорд“, а интересот на клубот за Кристиано Роналдо, Герет Бејл и Серхио Рамос се уште постои.

Газдите од Олд Трафорд се свесни дека до нивниот потпис е речиси невозможно да се дојде, но јасно е дека „Специјалниот“ ќе добие одврзани раце кога се трансферите во прашање со цел да направи респектабилен тим со кој ќе може веднаш да ја нападне титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите доколку Јунајтед избори пласман барем во квалификациите.