Милан во летниот преоден рок потроши 100 милиони евра за засилувања, но не ги оправда очекувањата досега.
Со нив беше планирано искачување кон врвот на табелата и обезбедување на место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак стручниот штаб заедно со тренерот Синиша Михајловиќ состави листа на потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.
Управата спрема дополнителни средства за да го засили тимот за вториот дел од сезоната, а 4-те фудбалери кои не успеаја да ги доведат во летниот преоден рок, сеуште се актуелни и седумкратниот европски шампион ќе испрати понуда до клубовите.
Тоа се Евер Банега од Севиља, долгогодишната желба од Зенит, Аксел Витсел, Жанели Имбула од Порто и Роберто Соријано од Сампдорија.
Милан веќе испратил првична понуда до Севилја за одличниот дефанзивец од средниот ред, Банега но за него сериозно заинтересиран е и Јувентус.
Витсел беше на чекор од Милан меѓутоа до такво нешто не дојде, а неговата цена се движи околу 30 милиони евра, и повторно „росонерите“ ќе се обидат да испратат добра понуда до Зенит.
Негова алтернатива е одличниот фудбалер на Порто, Жалени Имбула. Тој би можел да пристигне на позајмица во јануари, со можност за откуп на неговиот договор следното лето и Роберто Соријано од Сампдорија, кој исто така беше поврзуван со трансфер во Милан во текот на летото, а за него постоеше интерес од Наполи и Јувентус.
Дали со овие играчи доколку стигнат на Сан Сиро, Милан ќе го направи тимот кој го посакува за конечно да се врати таму каде што припаѓа, на врвот во италијанскиот и европскиот фудбал.