Ф1 тимот на Скудерија Ферари се закани со повлекување од натпреварувањето поради промените во правилата кои се планирани од страна на Берни Еклстоун и претседателот на ФИА, Жан Тод.
Берни и Жан ќе предложат измени во обид да ги направат трките поинтересни, а ќе има ограничување на парите кои се даваат за мотори, па тоа сигурно ќе донесе побавни болиди.
Први својот глас го кренаа во Ферари, кои не се за овие измени, а против се и за некои други идеи кои се даваат со цел да се намалат расходите на тимовите.
„Би било исклучително жално и огромна загуба доколку ја напуштиме Формула 1, но не може да бидеме поставени на колена во аголот без притоа да не кажеме ништо“, вели претседателот на Ферари, Серџо Маркионе кој објасни и која е целта на тимот поради која се натпреварува во Ф1-трките.
Се работи за докажување на квалитетната работа на сите кои се дел од големата компанија.
„Ние сакаме да докажеме дека можеме да произведуваме квалитетни и силни мотори, но ако почнеме да го потценуваме ова тогаш едноставно немаме намера воопшто да се натпреварување. Ги разбирам тешкотии со кои се соочуваат помалите тимови, но тоа е нешто кое треба да го реши Формула 1, а не Ферари“. изјави Маркионе.
Сепак и покрај заканите на Ферари за напуштање на Ф1 циркусот, Берни Еклстоун нема намера да попушти и цврсто останува на веќе кажаното.