(ВИДЕО) Еве колку ќе заработат Џошуа и Пол од борбата на годината…

Loading

Британскиот поранешен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа на 19 декември во Мајами, Флорида, ќе влезе во рингот против Јутјуберот Џејк Пол.

Станува збор за професионален меч што ќе се боксува во осум рунди по три минути, а преносот ќе го обезбеди „Нетфликс“.

Ова ќе биде воедно и првиот меч на Џошуа по нокаутот од Даниел Дубоа минатиот септември на „Вембли“, во борбата за појасот на ИБФ.

Колку овој дуел е голем од бизнис аспект најдобро покажува податокот што го пренесува „Дејли Мејл“.

Вкупната заработка од борбата треба да изнесува околу 160 милиони евра, а двајцата борци, според истиот извор, ќе ја поделат наградата со тоа што секој ќе инкасира приближно по 80 милиони евра.

Џошуа, сепак, тврди дека парите не биле пресуден мотив да го прифати мечот.

„Тоа беше одлична можност, повторно да се борам. Сакав да земам пауза од 12 месеци по поразот од Дубоа, го направив тоа и почувствував дека е вистинскиот момент за враќање. И онака планирав меч, ќе се бев веќе овој викенд ако зависеше од мене. Потоа се појави оваа понуда и си помислив: ‘Зошто да не?’“, изјави Џошуа.