![]()
Роџер Федерер се пензионираше во 2022 година и во последните сезони се појавуваше на турнирите главно поради спонзорските обврски.
Сепак, сè погласни се приказните дека би можел наскоро да се врати на терен, но во сосема поинаква улога.
Многумина веќе го гледаат како идeн тренер и човек кој би можел да ја обликува новата шампионска генерација, но славниот Швајцарец засега не брза да влезе во таа фаза од својата кариера.
„Не сакам да бидам тренер, барем не сега. Сакам да се посветам на моите деца. Ова е многу интересно и важно време пред секое од нив да тргне по свој пат.
,,Многу уживаме заедно како семејство и имаме многу обврски. Потребен е голем напор околу четири деца. Не е важно кој би ме повикал да го тренирам, секого би одбил“, изјави Федерер.
Тој откри и што, во овој момент, за него би претставувало најреално ангажирање.
„Никогаш не кажувај никогаш. Стефан Едберг не ни помислуваше дека цели две години ќе ми биде тренер. Она што сега сум подготвен да го направам е да бидам нечиј ментор. Ако некој има прашање, со задоволство ќе одговорам. На пример, ако сум во Дубаи кон крајот на годината, секој е добредојден да дојде таму. Отворен сум за менторство, но не можам да бидам насекаде,, заврши Роџер.

