Српската тенисерка Ана Ивановиќ му се враќа на тенисот на 37 годишна возраст….
Таа започна со подготовки за настап на егзибицискиот турнир во Луксембург.
Ова ќе биде нејзино прво појавување на тениските терени, во официјален контекст, откако се пензионираше во 2016-та година.
Покрај Ивановиќ, ќе учествуваат легенди како Мартина Хингис, Флавија Пенета, Доминика Цибулкова, Андреа Петковиќ, Кристен Флипкенс, Магдалена Рибарикова и Лаура Робсон.
На социјалните мрежи се појави и видео од тренингот на кое може да се види како Ана удира форхенд.
Ana Ivanovic, almost 37 years old, hitting some lovely forehands ahead of the Luxembourg Ladies Masters. pic.twitter.com/KN5WbxsKHg
— José Morgado (@josemorgado) October 16, 2024
За потсетување, кариерата на Ивановиќ заврши пред речиси осум години, а последниот меч го имаше на УС Опен против Дениз Алертова, кога беше поразена со 2-0 во сетови.
Освои 15 титули меѓу кои и една гренслем во 2008-ма година на Роланд Гарос. Има 480 победи во кариерата и беше 12 недели на првото место на ВТА ранг листата.
Имаше само 29 години кога реши да замине во пензија.