Фудбалерите на Еибар ја победија Аморебиета со 5:0 во 38. коло од шпанската втора лига, а мечот го одбележи фантастичниот гол на Агер Акече.
На три кола до крајот, Еибар е на третото место со 64 бодови, три помалку од Ваљадолид и Леганес и три повеќе од Еспањол.
Третото место гарантира плејоф за пласман во Ла Лига, а првите две директно одат во повисок ранг.
Домашните поведоа во 10. минута со голот на Стоичков, а во третата минута од судиското надополнување на првиот дел Акече на перфектен начин реализираше пенал.
Да имаше пајажина, топката ќе ја расчистеше, а прашање е колку голмани ќе беа потребни за да се одбрани овој удар од белата точка, кој можете да го погледнете ОВДЕ.
Во продолжение Еибар стигна до нови три гола преку Корпас, Јон и Де ла Фуенте.
Otro ángulo más 🙃🙃 pic.twitter.com/LIJhzMq8ev
— Iker Blázquez (@suwofer) May 6, 2024