(ФОТО) Конечно НБА ги врати Истокот и Западот за Ол Стар мечот – Ова се стартните петорки!

Loading

Леброн Џејмс го прослави својот 39-ти роденден на 30 декември со рекордниот 20-ти Ол-стар избор во својата 21-ва сезона.

На тој начин тој го надмина рекордот кој го држеше Карим Абдул – Џабар по бројот на Ол Стар настапи.

Токму Џејмс ќе ја предводи екипата на Западот како капитен, а на спротивната страна Антетокумпо ќе го предводи Истокот на 18 февруари во Индијанаполис.

Во тимот на Западот се избрани Кевин Дурант (Феникс), Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас) и Шај Гилџис Александер (Оклахома).

Во првата петорка на Истокот се Лилард (Милвоки), Ембид (Филаделфија), Татјум (Бостон), Халибартон (Индијана) и Јанис Антетокумпо (Милвоки).

НБА на 1 февруари ќе ги објави резервните играчи кои ќе бидат избрани од тренерите.

Инаку ова е враќање на овој формат на одигрување на Ол Стар мечевите на најдобрите ѕвезди во НБА лигата по 2017 година кога Западот го победи Истокот со 192-182.

Досега во историјата Истокот е подобар од Западот и води со 37 победи, наспроти 29 на Западот.