Неколку помали шпански медиуми, повеќето специјализирани за следење на Севиља, наведуваат дека Саудијците решиле да тргнат по Иван Ракитиќ.
Откако Модриќ ги одби, саудиските власти решија да испратат понуда до поранешниот хрватски репрезентативец.
Му нудат место во средниот ред на Ал Итифак, но се уште не се познати деталите од договорот што му го нудат.
Веројатно се работи за многу помала понуда од 600-те милиони евра што му ги понудија за три години на Лука Модриќ.