(ВИДЕО) Како Бодирога ја шокираше НБА ѕвездата со еден потег – Не му се веруваше што се случува!

Loading

Дејан Бодирога ја предводеше Југославија до светското кошаркарско злато во Индијанаполис во 2002 година.

фото: TWITTER/@FIBAWC/PRINTSCREEN

Југославија на тој шампионат направи невидено чудо, откако во четвртфиналето на нивни паркет го совладаа моќниот „Дрим Тим“.

Една исклучително интересна сцена од тој натпревар се раскажува до ден денес…

Имено, камерата го фати Бодирога како се приближува до клупата на репрезентацијата на САД на сред меч, го зема пешкирот на легендарниот Реџи Милер и ги бришеше рацете додека Американецот зачудено го гледаше.

Погледнете го овој надреален момент:

Легендарниот ас, а денес прв човек на Евролигата, подоцна ја објасни ситуацијата:

„Видов дека е шокиран од ситуацијата, дека не разбира што се случува. Не очекуваа дека можеме да ги добиеме, видов неверување во неговите очи и дека дури тогаш сфати дека ѓаволот играл шега“, откри Бодирога за хрватскиот портал „Индекс“ и додаде:

„Тоа беше одличен американски тим. Џорџ Карл беше тренер, Грег Попович беше асистент. Можеби неколку од нив не играа, но тоа беше одличен тим и мислеа дека ќе го освојат златото. Дивац играше одлично прво полувреме, Стојаковиќ одигра одлично цел натпревар, а Гуровиќ нè врати на рамнотежа со две неверојатни тројки кога бевме на -10. Тогаш игравме со висок состав, со четворица играчи кои можеа да ги одиграат сите позиции. Имавме авангардна и модерна петорка. Јариќ со два метри, Стојаковиќ 203 см, Гуровиќ 203 см, јас 205 см, Дивац 212 см“.