Голем скандал се случи пред натпреварот меѓу Интер и Порто во Лигата на шампионите.
Илјадници навивачи на тимот од Милано пристигнаа во Португалија со намера да го бодрат својот тим, но со уредно платени билети не им беше дозволен влез на „Драгао“!
Натпреварот започна, се играше првото полувреме, а илјадници Италијанци се уште чекаа да влезат на стадионот и да седнат на своите места, но тоа не им беше дозволено.
На крајот, организаторите во еден момент решија да ги пуштат на стадион, но само ако ги соблечат шаловите, дресовите, маичките и сите обележја!
Но, и тоа ветување не се исполни! Кога ги оставија своите навивачки реквизити, навивачите на Интер сепак не беа пуштени да влезат во натпреварот, па продолжија луто да протестираат пред стадионот, за што пренесоа сите италијански медиуми.
Погледнете како изгледаше пред стадионот Драгао во Португалија:
Scandalo e pericolo al Do Dragao: queste le condizioni di tantissimi tifosi dell’#Inter, completamente ammassati, a cui è stato negato l’ingresso allo stadio. #portoInter pic.twitter.com/J53EkioiqA
— Simone Togna (@SimoneTogna) March 14, 2023
На првиот меч на „Сан Сиро“ беше 1:0 за Интер, со гол во последните моменти од средбата, а тимот од Милано избори пласман во 1/4 финалето откако одигра 0-0 во реваншот против Порто.
Барем малку сатисфакција и радост за овие навивачи што нивниот тим оди понатаму во ЛШ и е меѓу најдобрите осум што не им се случило цели 11 години.