(ВИДЕО) Фудбалерот на Барса во стилот на Видиќ – Се прави за победа па дури и да остане без глава!

Loading

Немања Видиќ во текот на својата кариера беше познат како бескомпромисен борец. На сите добро им се познати изјавите од тој период дека „Србите одат со глава, каде што другите не можат со нозе“.

Се чини дека тоа од него го научи суперталентираниот фудбалер на Барселона, Гави.

Шпанскиот фудбалер на натпреварот против Атлетик Билбао покажа дека е подготвен да направи се за неговиот тим да победи, дури и да ризикува евентуална повреда.

Тој ризикуваше, со глава тргна по топката, додека противникот со копачката. Имаше голема среќа, бидејќи ривалот успеа да ја исфрли топката, да беше побрз, противникот речиси сигурно ќе го шутнеше во глава…

фото: Twitter

Барселона моментално е на првата позиција во Примера, има 65 бодови, девет повеќе од Реал и оди кон титулата во домашното првенство.

Во следното коло на дневен ред ќе биде дербито меѓу двата најголеми шпански клуба. Тие ќе играат на Камп Ноу на 19 март.

Моментот кога Гави за малку ќе останеше без глава…