(ФОТО) ХОРОР во Аргентина – Нападната продавницата на родителите на Антонела, оставена порака до Меси!

Loading

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (37) доби заканувачка порака во аргентинскиот град Росарио.

Имено, непознати сторители пукале во супермаркетот во сопственост на родителите на сопругата на Лео, Антонела Меси и оставиле порака за ѕвездата на ПСЖ.

Јавно му се заканија дека го чекаат и дека е следен.

,,Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Росарио) е и дилер на дрога и нема да ви помогне – гласи пораката оставена по пукањето.

Полицијата во Росарио соопшти дека во продавницата биле испукани 14 куршуми. Се уште се трага по сторителите и нема информации кој можел да направи вакво нешто.

Родителите на Антонела, Хозе и Патриша се потресени од она што се случи. Тие се сосема обични луѓе кои не зависат премногу од својата богата ќерка и се трудат да заработат за живот со сопствен труд.

Ваквиот инцидент ги исплаши и нив. Не им се верува дека некој толку го мрази нивниот познат зет што вака би им наштетил.

фото: TWITTER @CADENA3_ROSARIO