Во фудбалот сме виделе секакви ситуации, но никогаш не сме виделе ваков натпревар!
Фудбалот во Јужна Америка може да биде интересен и особено огнен на трибините, но во однос на непредвидливоста, еден натпревар постави нови стандарди.
Судирот на два големи клуба од Боливија ги надмина и најлудите соништа на навивачите!
Пресметката помеѓу Стронгест и Боливар доби спектакуларни размери, бидејќи натпреварот заврши со осум гола, по 23 минути судиско продолжени, четири црвени картони и дури четири гола на крајот за раскажување!
Иако конечниот исход на натпреварот беше 4:4, резултатот што го покажа семафорот во 86. минута гласеше 3:1 за домашните. Стронгест поведе преку Бенегас, Ортега и Торес, па имаа 3:0 во 56. минута.
Четири минути подоцна Родригез ја намали негативата, а потоа следуваше неверојатен финиш.
Во 87. и 90. минута од натпреварот Боливар преку Виљамила и Цезар успеа да дојде до шокантно израмнување, па резултатот беше 3:3.
Судијата Флорес првично реши да го продолжи натпреварот за 8 минути, но на крајот се одиграа дури 23 минути продолжение.
Целосен пресврт оствари Боливар преку Родригез во 98. минута за резултат 3:4. Гостите долго го славеа тој гол, па судијата реши уште повеќе да го продолжи натпреварот.
Целосен хаос настана кога судијата досуди пенал за домашните, покажувајќи црвен картон на Виљамила од Боливар. Во сите забуни и конфликти кои настанаа, судијата покажа дури три црвени картони за Стронгест и уште еден за Боливар.
Сето тоа траеше предолго, па Триверио доби шанса да го изведе досудениот пенал дури во 110. минута, односно во 20-тата минута од судиското надополнување.
Погоди за 4:4, потоа се играше уште три минути, но за чудо веќе немаше пресврти и луди моменти.
Погледнете како изгледаше сето тоа: