(ФОТО) Дресот на Леброн Џејмс продаден за 3.7 милиони долари – Сепак не е најскап, два великана се пред него!

Loading

Дресот на Леброн Џејмс во кој со Мајами ја освои титулата во НБА во 2013 година беше продаден синоќа на аукција во Њујорк за 3,7 милиони долари, со што стана трет најскап дрес досега продаден на Сотби.

Фото: JEROME MIRON/USA TODAY SPORTS

Мајами до шампионскиот прстен стигна по победата против Сан Антонио во седмиот, решавачки натпревар, а Џејмс на тој меч постигна 37 поени со 12 скока.

Со постигнатата цена дресот на Џејмс од тој натпревар се уште не е најскапиот што е продаден.

Највисока цена постигна дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА во 1998 година, кој беше продаден за 10,91 милиони долари, како и дресот што го носеше Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година, продаден за 9,28 милиони долари.