Баерн Минхен забележа важна победа во Лигата на шампионите против Барселона (2:0) и продолжи со добрите настапи во натпреварувањето.
Но додека Баварците си го одработија својот дел на Алијанц Арената, Томас Милер не можеше ни да погоди што се подготвува во тоа време.
Ѕвездата на Баерн и еден од најискусните играчи на тимот бил ограбен на натпреварот во Минхен, а од дома му биле одземени работи вредни 500.000 евра!
Сосема е неверојатно колку често фудбалерите се мета на хулигани во многу земји во последните години.
Како што пишува германскиот весник „Билд“, куќата на Милер била ограбена во вторникот околу 22 часот, додека траел натпреварот со Барселона и тоа на 33-от роденден на прославениот германски фудбалер.
Полицијата потврди дека од неговиот дом биле одземени пари, накит и други вредни предмети во вкупна вредност од околу 500.000 евра.
Се уште нема траги од сторителите на ова дело, но истрагата е во тек.
Милер веднаш по завршувањето на натпреварот дознал што се случило и директно си заминал дома. Ова објаснува и зошто Милер не беше меѓу играчите кои даваа изјави за медиумите по натпреварот.