Очајна атмосфера владее во соблекувалната на ПСЖ!
Иако на импресивен начин ја отворија новата сезона, ситуацијата во францускиот шампион е далеку од идеална.
Килијан Мбапе драстично го промени своето однесување откако потпиша нов договор со парижаните, стана многу посилен, прави хаос во соблекувалната и тоа воопшто не им се допаѓа на соиграчите.
Пред три месеци Мбапе го продолжи договорот на уште три години, а за потписот доби невидено богатство и огромна моќ.
За потпишувањето на новиот договор доби бонус од 100 милиони евра, а неделно ќе заработува нереални милион евра.
Сепак, тоа не е се… Заедно со парите добил и бројни привилегии. Наводно, му било ветено дека ќе биде прва ѕвезда на тимот. Тој побара да изведува пенали и играта да се прилагоди што повеќе на него.
Бразилскиот портал „UOL Esporte“ открива дека побарал од претседателот на клубот Насер Ал-Келафи да ги отстрани Аргентинците од тимот предводени од Лионел Меси, а му пречи и што Андер Ерера, Нејмар и Навас се блиску до Аргентинците Меси, Паредес и Икарди.
🇫🇷 Kylian Mbappé, PSG'de Neymar'a yakın olan Arjantinli grubun kulüp yönetimi tarafından dağıtılmasını istedi. 👋
🤔 Bu da Angel Di Maria'nın neden sözleşme uzatmadığını ve Leandro Paredes'in neden ayrılmasının istediğini açıklıyor.
📰 UOL Esporte pic.twitter.com/tgV5mDYT0D
— A Spor (@aspor) August 19, 2022
Да потсетиме, на натпреварот против Монпеље, Мбапе беше бесен бидејќи Нејмар му ја ускрати можноста да изведе пенал.
Камерите ја уловија неговата реакција додека разговараше со Нејмар и Меси. Додека минуваше покрај Меси, тој намерно го закачи со телото како да сакаше да му даде до знаење кој е сега шеф на тимот.
Француските медиуми објавија дека спортскиот директор Луис Кампос веднаш по натпреварот одржал состанок со Нејмар и Мбапе.
Французинот беше бесен како рис кога завршија разговорите бидејќи очекуваше челниците на клубот да застанат на негова страна, но тоа не се случи.
ПСЖ очигледно не ги исполни ветувањата и филмот на Мбапе пукна.