Новак се уште е во самиот врв на светскиот тенис, неговите колеги Кецмановиќ, Крајиновиќ, Џере се во топ 50, така што машкиот тенис во Србија и понатаму е многу силен.
Женскиот тенис е сосема друга приказна. Србија одамна нема тенисерка во топ 100 на ВТА листата, па се повеќе го ценат периодот кога Ана Ивановиќ и Јелена Јанковиќ беа светски рекет број еден. И двете!
Ана предвреме се пензионираше бидејќи не сакаше повеќе да трпи притисок, а соништата ги оствари со тоа што стана шампионка на Ролан Гарос и прва тенисерка во светот.
Но, таа и понатаму е доста активна на социјалните мрежи и на тој начин е во контакт со своите фанови.
Сепак, она што многумина не го знаат и не би го погодиле доколку не ја гледаат во живо е колку е висока Ана Ивановиќ. И ова секако многу и помогна во нејзината играчка кариера, барем што се однесува до нејзиниот сервис.
Имено, Ана е висока 184 сантиметри, што е прилично висока дури и за машките тенисери.
Но, таа секогаш беше максимално елегантна… Имаше голем проблем да си најде партнер, и на крајот се омажи за Швајнштајгер.
Како што можете да забележите повисока е од него!