(ФОТО) Ана Ивановиќ и Рафа Надал? Беше тоа повеќе од тенис…

Loading

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е среќна во бракот со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого има два сина.

Во текот на нејзината кариера, многу медиуми ја поврзуваа Ана со некои колеги…

Беше во врска со Фернандо Вердаско од 2008 до 2009 година. Потоа утеха најде во голферот Адам Скот со кој се забавуваше до 2013 година, а извесно време помина и во врска со поранешниот кошаркар на Партизан, Иван Пауниќ!

Една година подоцна го запознала Бастијан и љубовта се случила веднаш!

Ана својот најдобар тенис го играше во 2008 година, кога беше прва на ВТА листата, а потоа го освои Ролан Гарос, нејзиниот единствен Грен слем во кариерата.

Таа година Рафаел Надал го освои четвртиот трофеј на Отвореното првенство на Франција и меѓу нив се роди пријателство.

Потоа тоа често се гледаа заедно! И на АТП турнејата и надвор од неа! Играле голф, промовирале тенис, се смееле и уживале во заедничкиот живот!

Тие често тренираа заедно пред Ана да се пензионира…

Останаа добри пријатели, Ана премина од стара во нова љубов додека не го најде Бастијан, а Рафа отсекогаш бил вљубен во Чиска со која наскоро ќе добие бебе.