Почна метлата во ПСЖ – Леонардо прв ги пакува куферите, а се знае кој е следниот!

Loading

Еден потпис предизвика невидени превирања во светот на фудбалот.

Еден од најдобрите светски фудбалери, младиот Французин Килијан Мбапе, одлучи да ја продолжи соработката со ПСЖ, а неговото останување значи дека ќе се случат големи промени во клубот.

Наводно, на Мбапе му било ветено дека ќе одлучи речиси за се доколку реши да остане на Паркот на принцовите.

Се чини дека тоа е точно, бидејќи веднаш по неговиот потпис, долгогодишниот спортски директор Леонардо доби отказ, а се очекува и отказ на тренерот Маурицио Покетино.

фото: Reuters

„Леонардо ќе биде првиот што ќе го напушти ПСЖ по продолжувањето на договорот на Мбапе. Веќе се бара негова замена. Истото се очекува и за Покетино“, напиша познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Се шпекулира дека Португалецот Луис Кампос би можел да го замени Леонардо на местото спортски директор, додека најголеми фаворити за клупата новиот шампион на Франција се Зинедин Зидан и Антонио Конте.