Легендарниот Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор, а таму веќе се соочува со разни несреќи.
Германски Билд пишуваше за тешките услови кои го чекаа во озлогласениот затвор Вандсворт, а сега се појавија повеќе детали.
Како што пишува англиски „Сан“, најголемиот проблем на Бекер е храната, и тоа што не бил задоволен од количината на храна што ја добивал.
Весникот потсети дека Германецот е љубител на кубански пури, добро вино и елегантни ресторани.
Џепарлакот на Бекер е 10 фунти неделно во затвор. Тој наводно ги користи за да купи чоколадо, бисквити и банани за да ги надополни оброците од затворската менза.
Незадоволен е и од вревата што ја прават другите затвореници бидејќи му го нарушува сонот.
Тешко му е, а најтешко му паѓа лошата храна. Не може да поверува колку е лошо и колку се мали порциите. Еден од неговите први оброци беше солено говедско месо и тоа не било добро.
Шокиран е и од нехигиената во преполниот затвор. “Условите се очајни, речиси нечовечки. Ќелиите се студени и речиси и да нема дневна светлина. Сето тоа е шок за него”, рекол неименуван извор за Сан.
Она што е олеснителна околност е што поранешниот тенисер и екс тренер на Џоковиќ по неколку недели ќе биде префрлен во затвор со слабо обезбедување.
На новата локација треба да помине само девет месеци, а остатокот од казната во домашен притвор со електрична јака околу ногата.