(ВИДЕО) Тајните броеви 3,6 и 9 – Новак Џоковиќ го има клучот на универзумот!

Loading

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ е веќе 368 недели на врвот на АТП листата.

новак

По победата над Гаел Монфис во второто коло на Мастерсот во Мадрид, а потоа и пласманот во четвртфиналето откако Енди Мареј му го предаде мечот, сигурно си обезбеди уште една недела на врвот.

Освен што уште повеќе се доближи до апсолутниот рекорд што го држи Штефи Граф со 377 недели на прво место, до израз дојде и една интересна симболика.

Српскиот ас често го споредуваат со Никола Тесла, не само поради тоа што ја прослави Србија, туку и поради сличноста во физичкиот изглед.

фото: Profimedia

Познатиот научник тврдеше дека тајната на универзумот е во броевите 3, 6 и 9.

„Да ја знаевте величественоста на тројки, шестки и деветки, ќе го имате клучот за универзумот“, рече Тесла.

А токму таа бројка ќе ја достигне Новак следниот понеделник, кој знае, можеби ова е клучната недела …

На еден од обожавателите на Новак му текнало токму тоа…..