Голем скандал се случи по една Наскар трка во САД.
Имено, двајца возачи на овој многу популарен спорт во Америка, Сем Мајер и Тај Гибс, по кратка расправија се степале, односно другиот го удрил првиот неколку пати со тупаница.
Се започна со тоа што Мејер го „турна“ својот ривал до ѕид за време на трката.
Гибс не му останал должен, па со предниот дел од автомобилот го удрил во задниот дел.
“Се боревме за наградата од 100.000 долари и јас минав пред него. Му беше криво и ме удри неколку пати. Сепак, ударите беа премногу слаби. Едвај ги почувствував”, рекол Мејер по борбата, додека Гибс објаснил дека бил испровоциран затоа што Мајер му влегол в лице.