Познатиот бразилски фудбалер Ривалдо има 50 години и изгледа фантастично.
Тоа може да се заклучи од фотографиите кои редовно ги прикачува на социјалните мрежи.
Ривалдо се наоѓа во одлична форма, а теретаната е местото каде секојдневно поминува време.
Ривалдо за бразилската репрезентација настапуваше во периодот од 1993 до 2003 година на 74 натпревари, и постигна 35 голови, додека во клупската кариера настапуваше за Барселона и Милан со кој во 2003 година ја освои Лигата на шампионите.
Ривалдо, кој во 1999 година ја освои Златната топка за најдобар фудбалер на светот, се повлече од фудбалот во 2014 година.
Тогаш имаше 42 години…