ВИДЕО: Хамилтон го продаде миленичето од 10 милиони евра – Направен беше специјално за него, а сега веќе не му треба!

Loading

Специјализирани сајтови од Италија тврдат – Луис Хамилтон го продаде својот омилен автомобил.

фото:YOUTUBE/SCREENSHOT/EXOTICCARSPOTTERS/PROFIMEDIA

Се работи за возило Pagani Zonda 760 LH вредно 10 милиони евра, автомобил кој е направен по негова желба и затоа на своето име ги има иницијалите на познатиот британски возач.

Веројатно, причината за ова е желбата на седумкратниот шампион во Формула 1 во гаражата да има само хибридни возила, па мораше да се збогува со својот миленик, иако претходните години поминаа низ се заедно.

Човекот кој успеа да го стигне Макс Верстапен во генералниот пласман на крајот од сезоната и да се доближи до новата титула во Формула 1, но остана без неа во последниот круг од последната трка, од тогаш не е присутен во јавноста. Не му беше лесно поради тоа, бесот го искажа на Инстаграм, а многумина веруваат дека се повлекува од натпреварувањето.

Сега повторно е во медиумите, но само затоа што Италијанците најдоа интересна страна на приказната – го продал автомобилот од 10 милиони.

Погледнете за кој автомобил станува збор:

Станува збор за возилото Pagani Zonda кое по негова желба е виолетова и е направено по нарачка. Луис Хамилтон сакал ваков автомобил, како што покажуваат иницијалите LH зад ознаката 760, но сега се збогува со домашното милениче чија вредност се проценува на десет милиони евра!

Максималната брзина што може да ја достигне овој автомобил е 350 километри на час, додека за 100 километри на час потребни се околу три секунди. Не многу?

Инаку, компанијата Pagani се наоѓа во Италија и се занимава со производство на специфични супер автомобили. Во овој, кој Хамилтон сакаше да го има, има мотор на Мерцедес, а познати се и по изработката на бројни други скапи модели. Тоа го прават повеќе од две децении, односно од 1999 година.

На Хамилтон не му беше тешко да плати многу пари за да го има автомобилот што го сака, па малку е изненадувачки што реши сега да се збогува со својот миленик.

Тешко е да се замисли дека на тој начин бара утеха по губењето на титулата, особено имајќи предвид дека навистина го возел овој болид.

Во него често се снимаше или фотографираше, а своевремено имаше и помал инцидент во Монако, кога токму со Pagani Zonda удри друг автомобил.

Теоријата што ја имаат италијанските медиуми – а се издвојува сајтот Quattroruote е „Хамилтон сака сите негови автомобили да бидат хибридни. Подобро е кога е електричен, тоа е неговото мото“.