По Алвеш во Барселона се враќаат и Меси и Иниеста? Лапорта ја разбуди фантазијата на навивачите!

Loading

Најтрофејниот фудбалер на светот, легендарниот Дани Алвеш (38) се врати во Барселона пет години откако замина во Јувентус и не ја симнува насмевката од лицето.

Фото:Profimedia

Неповторливиот десен бек, еден од најдобрите во историјата, беше претставен како Чави – пред повеќе од 10.000 фанови, а за време на промоцијата беше во друштво на првиот човек на клубот, претседателот Жоан Лапорта.

Во изјавата за новинарите, предводникот на Барса беше запрашан дали има шанси на Ноу Камп да се вратат легендите кои ги поминуваат ветеранските денови далеку од Блауграна – Лионел Меси од Пари Сен Жермен и Андрес Иниеста од Кобе, Јапонија?

„Не ја отпишувам таа можност“, рече Лапорта.

„Тоа му се случи на Дани и сакам да му се заблагодарам бидејќи ја разбра ситуацијата во клубот и се согласи да дојде да помогне. Му благодариме што направи и финансиски отстапки. Се обидуваме да ја свртиме ситуацијата, а тој даде свој придонес, што треба да се почитува. Тоа се луѓето кои го направија овој клуб голем“, додаде претседателот на Барселона.

„Меси и Иниеста се спектакуларни и не можам да ја предвидам иднината, но тие се уште играат. Тие ја направија Барса одлична и секогаш ги имаме на ум, иако сега имаат договори со други клубови и тоа мора да го почитувате. Сепак, „Никогаш во животот не знаеш што ќе се случи“, рече Лапорта и ја зголеми еуфоријата меѓу навивачите на Барса, кои во претходните месеци ја гледаа вистинската тортура на нивниот клуб.

Пред десетина години Чави, Алвеш, Иниеста и Меси го правеа еден од најсилните тимови во историјата. Дали би можеле повторно да бидат во иста соблекувална во доцните години на играње (и младите тренерски години на Чави)?

Да потсетиме, Меси (34) летово замина во Пари Сен Жермен како слободен играч, додека Иниеста (37) е во Јапонија од 2018 година.