Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез објави дека става крај на својата играчка кариера.
Тевез ја наведе загубата на неговиот татко на почетокот на 2021 година како клучен дел од неговата одлука да престане да игра, и покрај понудите да ја продолжи кариера.
Карлос Тевез (38) ја започна и заврши кариерата во Бока Јуниорс.
Во својата кариера настапуваше и за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај.
Досега има постигнато 308 голови на 746 натпревари за сите клубови во кој бил дел, а за аргентинската репрезентација одигра 76 натпревари и постигна 13 голови.