Македонија вечерва има императив, победа против Косово и останување во трка за квалификации за СП 2019 (фото)

Loading

Вечерва, Македонија против Косово на домашен терен, во VIP арената „Борис Трајковски“ го игра мечот за опстанок. Истиот е во рамките на претквалификациите за СП 2019 во Кина.

Овој претквалификациски циклус го почнавме со резултати за заборав. Несреќен пораз од Косово со 72-68 нагости во кој му дозволивме на противникот да води и со 22 поени, за да потоа да успеме да стигнеме до 2 поени негатива, но не и да ја анулираме негативата во целост.

Вториот натпревар ни го донесе вториот пораз од 80-76, овој пат од Естонија во Скопје во натпревар во кој имавме и двоцифрена предност, но ја прокоцкавме.

Во третиот натпревар, воедно последен на домашен терен, немаме простор за грешка. Победата е императив!.

Селекторот Јорданчо Давитков и неговите 12 избраници се оптимисти во пресрет на натпреварот очекувајќи позитивен исход и победа од +5.

Натпреварот започува во 20:30 часот.

 

извор: мкф.мк