Закован е за кревет и не излегол од дома три недели – Златан е сериозно болен!

Loading

Италијанските новинари се загрижени за Златан Ибрахимовиќ, бидејќи тој веќе три недели не доаѓа на работа во Милано.

Фото: Getty Images

Се нема појавено ниту во спортскиот центар „Миланело“, каде што порано беше постојано со играчите.

Според локалните медиуми, Златан Ибрахимовиќ има сериозни здравствени проблеми.

Настинал, има висока температура, исцрпен е и изнемоштен, сето тоа како последица на силен грип кој го заковал за кревет.

Легендарниот фудбалер не излегува од дома веќе 19 дена, а за него се грижи сопругата Хелен Сегер.

На неговиот клуб Милан не му оди најдобро во првенството. Далеку се од пласман во Лигата на шампионите, но и од местата кои водат во натпреварувањата на УЕФА.

Златан Ибрахимовиќ работи како „виш советник“ во фудбалскиот клуб. До неговото боледување постојано беше во тек во водењето на тимот и давање поддршка на играчите.

Меѓутоа, сега од легитимни причини тој не е во состојба да си ја врши работата.

Во текот на својата богата кариера, Швеѓанецот помина низ бројни повреди и операции, но не се соочи со болест која целосно го исфрли од ритам.

Иако досега покажа голема физичка сила, сега си го направи своетп посериозен грип, па Ибрахимовиќ мораше малку да одмори.

Ибрахимовиќ во последните недели се занимава со спортски менаџерски работи, за изборот на новиот спортски директор на „росонерите“ заедно со извршниот директор Џорџо Фурлани.

Останува прашањето што ќе се случи кога ќе се врати на работа и колкаво влијание ќе има кога ќе дојде време да се назначи првиот оперативен директор на клубот, со кој ќе мора да соработува по завршувањето на сезоната бидејќи рокот за трансфери е се поблиску.

Според италијанските медиуми, закрепнувањето на Златан Ибрахимовиќ се подобрува и тој би требало да се врати на работа следната недела.

Весникот „Газета“ објави дека Ибра веќе во петок ќе биде во Миланело за да им даде поддршка на играчите, бидејќи Милан во недела од 20 часот и 45 минути ќе му гостува на Наполи во големото дерби од 30-то коло во Серија А.