Во долгови до гуша – Интер не го реши проблемот ниту со продажбата на Лукаку и Хакими!

Loading

Италијанскиот гигант Интер објави дека се наоѓа во многу лоша финансиска состојба.

Без разлика што го освои „Скудетото“ по 11 години чекање, клубот од „Џузепе Меаца“ сезоната 2020/2021 ја заврши со негатива од дури 235,6 милиони евра.

Приходот беше „само“ 364,7 милиони евра, кој исто така беше погоден од коронавирусот, а „нероаѕурите“ беа во сомнеж некое време што платите на фудбалерите доцнеа.

Пожарот беше изгаснат со продажба на тројца играчи – Ромелу Лукаку во Челзи за 115 милиони, Ашраф Хакими во ПСЖ за 60 милиони (може да порасне и до +20 милиони) и Матео Политано во Наполи за 19 милиони.

Исто така, тренерот Антонио Конте, кому му беше исплатена отштета, се согласи да го раскине договорот со клубот, а Интер на тој начин се ослободи од неговата плата од 12 милиони годишно.

Кога ќе се сумира се, Интер излезе финансиски, но тимот е многу ослабен …