(ВИДЕО) Зошто Бразил за прв пат играше со црни дресови? – Постои добра причина!

Loading

Фудбалската репрезентација на БРАЗИЛ вчера одигра пријателски натпревар со Гвинеја (4:1) во Барселона, а во првото полувреме облече црни дресови за да протестира против расизмот, кој е голем проблем во фудбалот.

фото: EFE/Quique García

Тоа беше првпат во 109-годишната историја на бразилската репрезентација играчите да носат црни дресови. Од расизам страдаат и бразилските репрезентативци, особено играчот на Реал, Винисиус Јуниор.

„Не се игра со расизам, затоа моравме да протестираме. Играчите клекнаа пред натпреварот, а за прв пат во 109-годишната историја на бразилската репрезентација несевме црни дресови“, соопштија од бразилската федерација, која планира да ја продолжи борбата против расизмот и во вторник на пријателскиот натпревар против Сенегал во Лисабон.

Стрелец на последниот гол за Бразил од пенал беше Винисиус Јуниор, овојпат со број 10, во сопственост на повредениот Нејмар.

Пред тоа мрежата ја погодија Жоелинтон, Родриго и Едер Милитао. Серху Гираси во првото полувреме намали на 1:2.