Се одржа 118-то издание на велосипедската трка Париз-Рубе, која е специфична по тешкиот терен и калдрмата.
Поради својата сложеност, оваа трка го носи и прекарот „Недела од пеколот“, што на некој начин можеа да го почувствуваат денешните учесници.
Должината на патеката е 280 километри, а целата трка се одржува во ист ден без паузи.
Во текот на денешниот ден преовладуваа особено тешки услови, врнеше дожд, улиците беа полни со нечистотија и кал, а велосипедистите минуваа низ целната линија „оковани“ со кал.
На крајот, победата ја однесе Италијанецот Сони Колбрели во спринтерска завршница, а потоа падна на тревата покрај патот и почна да плаче …
На подиумот завршија и Белгиецот Флоријан Фермерш и Холанѓанецот Метју фан дер Пул, со исто време како победник.
Најголем губитник е Италијанецот Џани Москон, кој беше лидер во поголемиот дел од трката, но во еден момент застана да го исчисти велосипедот, по што падна на 25 километри пред крајот и стигна до четвртото место со 44 секунди заостанување.