ВИДЕО: Солзите на Луис Суарез!

Loading

Уругваецот Луис Суарез го постигна победничкиот гол за Атлетико Мадрид во победата над Ваљадолид од 1-2 нагости со што на својот тим му ја донесе шампионската титула во Шпанија.

Суарез беше исфрлен од Барселона пред почетокот на оваа сезона. Роналд Куман му порача дека не смета повеќе на него, а Суарез замина во Атлетико.

На крајот, неговиот потпис за тимот од Мадрид се покажа како клучен, а по освојувањето на титулата, Суарез плачеше на теренот додека збореше на мобилниот телефон со својата жена.

“Барселона не ме ценеше. Атлетико ми отвори вратa и секогаш ќе им бидам благодарен што веруваа во мене”, рече во солзи уругвајскиот напаѓач и додаде:

“Знам дека Меси ќе биде среќен за мене. Ми посака среќа пред неколку дена”, истакна Луис.

Oваа сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига и постигна 21 гол и три асистенции.