Повеќе од еден месец се шпекулира дека некогаш најдобриот светски фудбалер Роналдињо е во врска со поранешна манекенка која има 72 години!
Роналдињо наводно ја снимил манекенката гола под туш! Медиумите во Бразил почнаа да шпекулираат за оваа информација во јануари, кога Грасиела Алфано објави фотографија со Роналдињо на Инстаграм.
Набргу потоа, Аргентинката која беше секс симбол на 70-тите и 80-тите години на социјалните мрежи објави видео на кое позира гола под туш.
И почнаа озборувањата и шпекулациите. Кој стоеше зад камерата? Дали тоа беше Роналдињо? И тие издржаа до пред некој ден, кога Грасиела Алфано реши да стави крај на сите шпекулации.
View this post on Instagram
Конечно да објасни дали таа и Роналдињо имале афера….
,,Ми се допаѓа како изгледам. Се чувствувам многу добро во моето тело. Многу мои обожаватели ме прашаа за снимката. Особено кога објавив фотографија со Роналдињо, кога се запознавме. Гледате, луѓето измислуваат работи. Се сликав со Роналдињо во лифт и сите мислеа дека тој ме фотографирал“, изјавила Грасиела во едно интервју, додавајќи:
,,Всушност, тоа беше една од девојките во хотелот во кој престојував. Ја замолив да ме слика. Таа направи одлични снимки и фотографии. Стана вирално и навистина ми се допадна.
Интересно, Грасиела Алфано, иако е во осмата деценија, сепак изгледа привлечно. Таа е многу активна на социјалните мрежи, а на Инстаграм има над милион следбеници.
Роналдињо воопшто не ги коментираше овие гласини. Тој очигледно многу се забавуваше.