(ВИДЕО) Рафа и Роџер може само да сонуваат – Новак пречекан како крал во Кина!

Loading

Новак Џоковиќ сепак ќе игра на мастерсот во Шангај, а се очекува да го видиме на терениот утре или во петок. 

Српскиот тениски ас за прв пат ќе се појави на терените на тенискиот комплекс во овој кинески град. Се случи она што обично се случува кога ќе пристигне во Азија – целосен делириум!

Само што се појави на теренот, се слушна врескање и громогласен аплауза од навивачите кои долго време го очекуваа.

Новак како прав господин и пред се голем човек одвои време да се поздрави со сите, да им подаде рака и да даде автограм.

Навивачите донесоа многу српски знамиња и натписи на српски јазик во Шангај, иако реално беше тешко да се види некој од Србија на трибините.

Новак го одработи првиот тренинг со Холгер Руне, кој е меѓу неговите омилени спаринг партнери, но и меѓу играчите од помладата генерација кои најмногу го измачуваат на теренот.

Српскиот тенисер е слободен во првото коло на турнирот во Шангај и во второто го чека подобриот од дуелот меѓу Американецот Алекс Микелсен и домашниот тениер Бу.

Од четвртфиналето стартуваат големите имиња, па може да игра со Григор Димитров или Андреј Рубљев, а најтежок ривал во неговиот дел од ждрепката е Александар Зверев со кого треба да игра во полуфиналето.

Погледнете како кинеската публика го пречека Новак:

Новак во кариерата четири пати го освојуваше овој турнир. Првиот трофеј го зеде во 2012 година кога го победи Енди Мареј, потоа во 2013 година го совлада Хуан Мартин Дел Потро.

Во 2015 година повторно го крена пехарот со победата над Цонга. Последната титула ја освои во 2018 година победувајќи го Борна Чориќ, а последниот меч го одигра во Шангај во 2019 година кога во четвртфиналето беше поразен од Кевин Андерсон од Јужна Африка.