(ВИДЕО) Пријателски натпревар излезе од контрола, судијата делеше црвени – Барди во елемент!

Loading

Во рамките на подготовките за стартот на новата сезона, англиски Вулверхемптон и шпански Леванте одиграа пријателски натпревар.

фото: printscreen/youtube/Thelittleowl1

Но, оваа средба за жал прерасна во огромна ескалација на насилство што прерасна во тепачка.

Фудбалерот на Волците Џерсон Москвера брутално стартуваше врз противничкиот фудбалер, по што на теренот изби општа тепачка.

Главниот судија смирено го следеше сето тоа, а потоа ги исклучи Москвера и нашиот Енис Барди од Леванте.

Циркусот продолжи и на неколку моменти пред крајот на првото полувреме, кога Даниел Поденс од Вилвс се пресмета со играч на Леванте, по што сите повторно се степаа, а судијата ги исклучи Поденс и неименуван играч на Леванте.

Двата тима на пауза заминаа со по девет играчи, а на полувремето беше договорено да се продолжи 11 на 11, но без исклучените играчи, на крајот Леванте победи со 2:1.