ВИДЕО: По Џордан, дојде редот и на документарецот за Тони Кукоч – Како хрватската 7-ка се вклопи во Чикаго Булс!?

Loading

НБА тимот на Чикаго Булс објави документарен филм посветен на својата легенда хрватот Тони Кукоч.

Кога беше снимен и објавен документарниот серијал „Последниот танц“ во соработка со „Нетфликс“, Тони Кукоч не доби многу простор во тоа издание.

Во времето на освојувањето на три титули во низа од 1996 до 1998 година, Кукоч беше шестиот играч во тимот и еден од најдобрите кошаркари што влезе во игра како резерва.

Сега Биковите му се оддолжија на Хрватот со документарен филм.

По повод неговото влегување во Куќата на славните, Булси објавија документарен филм наречен „The Waiter“, со оглед на тоа што прекарот на Кукоч беше „Келнерот“.

Документарецот трае 38 минути.

Тој играше 15 сезони во НБА за тимовите на Чикаго, Милвоки, Филаделфија и Атланта. На 846 натпревари тој имаше просек од 11,6 поени, 4,2 скока и 3,7 асистенции по натпревар.

Во сезоната 95/96 беше прогласен за најдобар шести играч на годината, а оваа година влезе во Куќата на славните кошаркари класа 2021 во Спрингфилд.